четврток, 24 октомври 2024

Експлодираше тлото во Јелоустоун, супервулканот ги потсети посетителите дека им е под нозете (ВИДЕО)

Националниот парк Јелоустоун ги има некои од најубавите пејзажи во Северна Америка. Меѓутоа, често ги потсетува посетителите дека под нив супервулкан загрева подземни резервоари со вода кои понекогаш бурно еруптираат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во геотермалниот дел од паркот наречен Базен бисквит, врелата вода изби на површина во бурна ерупција која се случила пред два дена во претпладневните часови северно од познатиот гејзир Северен Верен.

За среќа никој не е повреден, но на снимките на социјалните мрежи се гледа ерупцијата на вода помешана со други материјали многу блиску до патеката на која се посетителите, кои преплашени побарале засолниште.

Ерупцијата за среќа не била од вулканот, туку од хидротермална природа и е поврзана со загревањето на водата во подземните резервоари.

„Хидротермалните експлозии се прилично вообичаени во Јелоустоун. За пример, гејзирот Поркчоп експлодира во 1989 година, а во близина на тоа место и на 15 април оваа година се случила помала експлозија. Сличен инцидент како последниот на истото место се случи и во 2009“, наведоа Американското геолошко здружение и Националниот парк Јелоустоун.

Под земјата, под висок притисок, водата може да се загрее далеку над точката на вриење. Кога ќе достигне 250 степени, водата рапидно преминува во гасна состојба и бурно се шири.

Кога веќе нема каде да се шири во подземните пештери, се случува експлозија.

Ниедна од хидротермалните експлозии во Јелоустоун не е директно поврзана со магма,  но може да предизвикаат сеизмичка активност. Јелоустоун постојано се тресе, а годишно се бепежат меѓу 1.500 и 2.500 земјотреси.

Ерупциите на пареа, кал и камења можат да бидат исклучително бурни, а најсилните можат да исфрлаат подземен материјал и до два километри во висина и да оставаат големи кратери.

Помалите експлозии и ерупции се релативно чести, додека најголемите се ретки и се случуваат еднаш во 700 години. И покрај тоа што последната ерупција изгледа прилично импресивно, таа е една од помалите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ