недела, 20 октомври 2024

Експерт на ОН: Обновата на Газа би можела да потрае 80 години

Обновата на Газа би можела да потрае 80 години ако Израел ги продолжи нападите на окупираната палестинска енклава, оцени експертот на Обединетите нации Балакришнан Раџагопал.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Раџагопал кажа дека до јануари 2024 меѓу 60 и 70 отсто од домовите во Газа биле уништени, а дека северниот регион се соочува со уште поголема стапка на уништување од 82 отсто, покажуваат податоците на сајтот на ОН.

Тој истакна дека ситуацијата значително се влошила, особено во северна Газа, каде речиси сите згради се уништени, пренесува палестинската агенција Вафа.

Неодамнешен извештај на Програмата на Обединетите нации за развој проценува дека до мај во Газа имало над 39 милиони тони отпад, и дека овој отпад е измешан со неексплодирани средства, токсичен отпад, азбест од урнатите згради и други штетни материјали.

Раџагопал предупреди дека контаминацијата на подземните води и земјиштето достигнала „катастрофално ниво“, што предизвикува загриженост дали овие прашања можат да се решат на време.

Тој истакна дека Газа доживеа бран на разурнување без преседан од 7 октомври 2023.

На прашањето за временската рамка за обновата на Газа, Разагопал ја истакна потребата прво да се расчистат урнатините, да се обезбедат финансиски средства и предупреди дека обновата не може да почне сè додека траат израелските напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ