сабота, 26 октомври 2024

Египет се закани: Ќе се повлечеме од посредувањето меѓу Израел и Хамас

Египет се закани дека ќе се повлече од посредувањето во разговорите за прекин на огнот во Газа, откако Си-ен-ен објави дека египетската разузнавачка служба ги променило условите на неодамнешниот предлог за прекин на огнот пред да му биде доставен на Хамас и го расипале договорот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Обидите да се фрли сомнеж и да се навредат напорите за посредување на Египет само ќе доведат до дополнителни компликации на ситуацијата во Газа и целиот регион. Тие би можеле да го принудат Египет целосно да се повлече од посредувањето во конфликтот“, рече Дија Рашван, шефица на египетскиот оддел на Државната информативна служба.

Цитирајќи три лица запознаени со ова прашање, Си-ен-ен објави дека египетските разузнавачки служби ги промениле условите на предлогот за прекин на огнот на кој Израел се согласи претходно во мај.

Кога Хамас го објави своето прифаќање на договорот на 6 мај, тоа не бил оној договор за кој колегите посредници од САД и Катар мислеле дека му бил доставен на Хамас на разгледување, пишува Си-Ен-Ен.

Промените направени од египетското разузнавање ги налутија претставниците на САД, Израел и Катар и ги закочија преговорите, соопшти телевизиската мрежа.

Рашван рече дека вмешаноста на Каиро како посредник е резултат на „повторените барања и инсистирање“ на Израел и САД.

Таа додаде дека некои „страни“ неодамна ги обвиниле египетските и катарските посредници дека се пристрасни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ