недела, 20 октомври 2024
„Алармантна ситуација“

Едно маче поттикна интензивни напори да се ограничи ширењето на смртоносен вирус, загрозени седум милиони луѓе

Објавено на

часот

Сподели

Мачето го добило името Стенли, имало околу пет недели и тежело едвај еден килограм кога пристигнало во домот на Вал. Но, по два дена престанало да јаде, имало напади и во еден момент го оживувале. Ветеринарот забележал дека зениците на мачето се со различна големина, но не бил сигурен дали се работи за беснило. Стенли угинал следниот ден.

Резултатите од тестот кои пристигнале по 48 часа потврдиле дека Стенли имал беснило. Сепак, алармантно е дека генското секвенционирање покажало дека мачето имало вирус на беснило вообичаен за ракуни кој никогаш не бил откриен западно од Апалачките планини. Сега се поставува прашањето како вирусот поминал растојание од 1.400 километри од местото каде вообичаено циркулира овој тип на вирус на беснило, пишува Вашингтон пост.

„Прво помислив дека мора да е грешка“, рече Рајан Волас, кој го води епидемиолошкиот тим за беснило во Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

ЦДЦ проценува дека вирусот би се ширел во концентрични кругови од 39 километри годишно, така што вирусот на беснило ќе зафати уште неколку други околни сојузни држави, ставајќи ги во опасност дури седум милиони жители.

Повеќе од десетина биолози за диви животни заминале за Омаха од осум држави, со приколки полни со вакцини против беснило, стапици, галони масло од анасон и кутии со бел слез – за да намамат, заробат и вакцинираат ракуни со надеж дека ќе го запрат ширењето на смртоносниот вирус.

Четири дози од вакцината против беснило ќе добијат и десетина луѓе кои биле во контакт со мачето кое ги изгребало или каснало.

„Никогаш не сме имале ваква алармантна ситуација“, рече Ричард Чипман, координатор на националната програма за беснило при Министерството за земјоделство на САД.

Беснилото е предизвикано од вирус кој го инфицира централниот нервен систем на цицачите и луѓето и речиси секогаш е фатален ако не се лекува. Вирусот што го уби Стенли лесно се пренесува меѓу ракуни, животни кои посетуваат дворови, канти за ѓубре и полиња, каде што исто така можат да дојдат во контакт со луѓе.

„Ако успееме да тестираме 500 животни во текот на следните неколку месеци преку оваа програма за надзор и сите тие се вратат негативни, тогаш веројатно нема ширење меѓу локалните диви живтони“, рече Валас. „Нема да знаеме со сигурност до февруари“.

Останува нејасно како Стенли се заразил. Една од можностите е дека вирусот стигнал во областа Омаха без знаење на властите и дека диво животно го каснало мачето. Но, поверојатно е, велат официјални лица, дека мачето или неговата мајка биле каснати и заразени од ракун во југоисточниот дел на Соединетите Држави, каде што вирусот е генетски најсличен на оној пронајден кај Стенли. Тогаш или мачето или неговата мајка некако стигнале до Омаха.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ