четврток, 28 ноември 2024

Еднаквите можности се приоритет на власта, тврди министерката Тренчевска

Објавено на

часот

Сподели

„Иницијативата за изнаоѓање на решението со надоместок за мајчинство ја покрена Националната федерација на фармери, додека ние како Министерството за труд и социјална политика бевме вклучени од самиот почеток во креирање на решение за овој предизвик. Тука со нас рамо до рамо работеше и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, голема благодарност и до Шведската организација со канцеларија во Скопје Ви Ефект  кој беа покрај нас во целиот процес и несебично ја даваат нивната поддршка“ рече Тренчевска во своето обраќање.

Таа истакна дека со програмата за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност, ќе можат да остварат право на користење на надоместок за мајчинство. За да го остварат ова право потребно е да имаат статус на осигуреник индивидуален земјоделец.

Ова е пилот решение, затоа продолжуваме да креираме политики, да креираме решенија кои ќе бидат системски. За да можеме да потврдиме дека навистина сме направиле исчекор кон унапредување на правата на жените во нашата држава“ посочи министерката.

Тренчевска се осврна и на градинките во руралните средини таа рече дека покрај што целта на отворањето на градинките е вклучување на што поголем број на деца во предучилишното образование, нивното отворање придонесува и кон економско јакнење и личен развој на жените во руралните средини.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ