Ова не е само трка – тоа е искуство што ги предизвикува физичките и менталните граници на нејзините учесници, носејќи ги низ природната убавина на еден од најголемите планински венци на Балканот.
Поврзува две земји и два национални парка, нудејќи незаборавно културно и природно патување, и има за цел да ги промовира Косово и Македонија како туристички дестинации, носејќи новинари и туристи од целиот свет.
На само еден месец до третото издание на High Scardus Ultra, возбудата е на врв. Овој уникатен настан за планинско трчање ви посакува добредојде на 7-ми септември, со почеток во град Призрен до Попова Шапка – за Ултра маратонот од 67 километри, и на Попова Шапка за трката од 20 километри. Ултра маратонот е единствен на Балканот кој поврзува две држави и два национални парка, минувајќи низ најубавите предели на Шар Планина, допирајќи длабоки шуми, планински езера и села.
Трката од 20 километри е кружна трка во реонот на прекрасниот Јелак и длабоката борова шума. Стартот и финишот се на Попова Шапка каде што ќе имаме и пазар со традиционални производи.
Тркачи, авантуристи, екологисти и секакви ентузијасти се приклучуваат на трката за возбудливи искуства, изненадувања и награди.
High Scardus Ultra е сертифициран од UTMB Index и ITRA, што го прави меѓународно
признат настан.
Еве некои од здравствените придобивки од планинското трчање:
- Подобрен кардио фитнес: трчање на различни терени и качување по ридови и планини помага да се подобри вашата кардиоваскуларна кондиција, зајакнување на срцето и белите дробови.
- Намалување на стресот: Времето поминато во природа и нејзината убавина помага да се намали нивото на стрес и подобрување на менталното здравје.
- Зајакнување на мускулите: Трчањето на различни терени помага во зајакнување на мускулите во нозете, грбот и долниот дел од телото.
- Засилена рамнотежа и координација: Разновидните и често нерамни терени на планините патеките помагаат да се подобри рамнотежата и координацијата на вашето тело.
Не ја пропуштајте оваа единствена можност! Регистрирајте се денес и бидете дел од настан кој ќе остане долго во твоето сеќавање. Истрчајте ги патеките на Шара и искусете авантура која предизвикува, лекува, и инспирира.
Регистрирајте се сега!
За повеќе информации и регистрација, посетете ја нашата официјална веб-страница и следете ја нашата социјална мрежа.
Комерцијален текст