петок, 18 октомври 2024
Формула 1

Еден-два победа на Мерцедес, Расел со одлична стратегија славеше во Белгија

Џорџ Расел победи на легендарната Спа, со одлична стратегија, воачот на Мерцедес помина прв низ целта пред тимскиот колега Луис Хамилтон и Оскар Пиастри.

Објавено на

часот

Сподели

Џорџ Расел се коцкаше, се реши за стратегија со едно влегување во бокс и на крајот тоа му донесе славје на трката во Белгија.

Британецот во последните пет круга беше под силен притисок од својот сонародник и тимски колега, Луис Хамилтон, но остана присебен, херојски се бранеше од налетот и прв ја мина целта за еден-два победа на Мерцедес.

Последното место на пиедесталот му припадна на Оскар Пиастри, кој направи една грешка во финишот и не можеше посериозно да се замеша во битката за победата.

Зад нив исто така имаше интереснa борба во која Шарл Леклер го задржа Макс Верстапен, кој пак не му дозволи на Ландо Норис да напредува.

Во бодови на легендарната СПА денеска уште завршија Карлос Саинц, Серхио Перез, Фернандо Алонсо и Даниел Рикардо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ