сабота, 26 октомври 2024

Џафери од денес е пратеник, ама вели дека според Уставот може да биде технички премиер до изборот на новиот

Техничкиот премиер Талат Џафери, кој е избран и за пратеник во Собранието, на денешната конститутивната седница на новиот парламентарен состав најави дека ќе ја извршува оваа функција до изборот на новата Влада и оти до тогаш нема да учествува во работата и одлуките на Собранието.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира владината прес-служба, Џафери се повика на Уставот, законите и досегашните пракси.

„Ја известувам јавноста да ги извести соодветните институции официјално дека како премиер и како владин состав, врз основа на заклучокот на овој владин состав, ќе продолжам да ги вршам должностите и обврските што извираат од функцијата премиер на земјата до изборот на идната Влада од овој владин состав, и нема да учествувам во работата на Собранието и со тоа, врз основа на Законот за спречување или превенција на корупција и заради спречување на корупција и конфликт на интереси, затоа што не може во исто време да носам две должности, две функции, и поради оваа причина, до изборот на идната Влада, нема да учествувам во работата на Собранието и во одлучувањето во Собранието, за да ги исполнам законските одредби на Законот за спречување на корупција и конфликт на интерес. Ова е за да се информираат сите, за да се надминат сите дилеми во однос на прашањето на понатамошното функционирање на институциите“, рече Џафери во Собранието.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ