петок, 18 октомври 2024

Две златни арени за „Домаќинство за почетници” на Горан Столевски

„Домаќинство за почетници” по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист продукција, освои две златни арени на филмскиот фестивал во Пула, кој започна на 11 јули, а се затвора денес, со прикажување на победничките филмови. Филмот  беше дел од натпреварувачката програмата за малцински копродукции и ја освои златната арена за најдобра хрватска малцинска ко-продукција, а хрватскиот актер Владимир Тинтор доби златна арена за најдобра споредна машка улога за своето остварување во филмот.

Објавено на

часот

Сподели

„Домаќинство за почетници” е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, а меѓу останатите финансиери е и Хрватскиот аудиовизуелен центар, чија поддршка е реализирана преку хрватски ко-продуцент Кинорама од Загреб.

Златните арени се деветта и десетта награда за овој филмДомаќинство, кој досега е прикажан на повеќе од 70 фестивали ширум светот, а е дистрибуриан во кината во Америка, Австралија, Холандија, Хрватска, Полска и Македонија, велат од продукцијата.

Светската премиера на „Домаќинство за почетници” се одржа минатата година на филмскиот фестивал во Венеција, а македонската премиера беше на отворањето на Интернационалниот фестивал на филмската камера, „Браќа Манаки“. Филмот беше избран за македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“ за 2023 година, а беше дел и од селекцијата за Европските филмски награди, каде доби една номинација.

Дистрибутер на филмот на територија на САД е Focus Features, Universal Pictures е интернационален дистрибутер за останатите територии, а продажните агенти на филмот New Europe Film Sales од Полска го застапуваат филмот на територија на југоисточна Европа.

Од продукцијата велат дека „Домаќинство за почетници“ ќе се прикажува утре и задутре во Кинотека на Македонија од 20:30 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ