петок, 25 октомври 2024

Две жени и повозрасен маж искасани од улични кучиња

Три пријави за лица искасани од кучиња скитници добила полицијата во текот на вчерашниот ден.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Во 13.55 часот во полициската станица Гази Баба, В.П.(77) од Скопје пријавил дека на ул. Методија Андонов Ченто во Скопје бил каснат од куче скитник. Вчера во 20.50 часот во полициската станица Драчево, А.Л.(35) од с.Батинци, Скопско, пријавила дека на пат за Дрисла била касната од куче скитник. Пријава има и во 19.00 часот во полициската станица Аеродром каде К.К.(41) од Скопје пријавила дека на паркинг простор кај мостот Беласица во Скопје била касната од куче скитник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ