недела, 27 октомври 2024

Две лица загинаа во сообраќајкa на патот Гостивар-Маврово

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајната несреќа била пријавена утрово (5 јануари) во 7 часот и 10 минути на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на отворените сепарации (каменоломи).

„Во сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила: ауди со странски регистарски ознаки управувано од Е.З (42) од Кичево и шкода со скопски ознаки што ја управувал Ш.Н.(48) од тетовско Камењане. Во несреќата, од здобиените повреди, двајцата возачи починале на местото, а смрт констатирале лекари од гостиварската Итна помош“, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Јавен обвинител и екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи извршиле увид на местото.

Повеќе од два часа заради увид на местото, сообраќајот беше во прекин во двата правци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ