На седница на ЦО на НСДП беше разгледан извештајот за претседателските и за парламентарните избори 2024 година поднесен од изборниот штаб. Извештајот беше едногласно усвоен, а заклучено де дека партијата останува парламентарна партија со два пратеници во актуелниот собраниски состав, соопшти НСДП.
Двајцата пратеници на НСДП ќе делуваат опозициски
Централниот одбор на НСДП заклучи дека во наредниот период пратениците ќе делуваат опозициски, а за начинот и формата на опозициското делување ќе одлучува на седницата во септември, соопшти Нова социјалдемократска партија – НСДП.
Објавено на
часот