Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Н.М. и биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, две дробилки, две дигитални ваги, пари и други предмети, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, појаснуваат од МВР.
Лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.