сабота, 26 октомври 2024
На територија на цела држава

Дури 711 казни за возачи во еден ден

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден, во спроведена акциска контрола на територијата на државата, биле санкционирани се 711 возачи.

Објавено на

часот

Сподели

Од нив 59 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 345 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 366 надвор од населено место, известуваат од полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ