„Демократската унија за интеграција е скандализирана од навредливиот наратив на ВМРО ДПМНЕ со кој се потврдува флагрантното кршење на изразената изборна волја на албанскиот народ и на другите етнички заедници, чие соединување во Европскиот фронт го потврди како втора политичка сила во државата. Седум годишниот антиалбански наратив наметнат од ВМРО ДПМНЕ создаде искривена, неточна и опасна слика за нашата држава“, реагира ДУИ.
Во реакцијата се нагласува дека ДУИ останува доследна на својот став за почитување на гласот на албанскиот народ и на другите етнички заедници, бидејќи „тоа е единствената гаранција за стабилност и прогресивен континуитет на земјата“.
„Оваа земја е заедничка и секој треба да придонесе за здрави меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и партнерство со Соединетите Американски Држави. Никој да не мисли дека народот ќе дозволи враќање назад од започнатиот пат на еднаквоста и европскиот пат! Целосниот изборен и демократски легитимитет и кредибилитет му припаѓа на Европскиот фронт и безусловното вазалство на губитниците е предодредено да пропадне бидејќи ја нема поддршката од народот“, се вели во сооппштението на ДУИ.