„Хибридната војна и предизвикувањето паника кај албанскиот електорат се зголемува уште повеќе. Албанската опозиција координирана со ВМРО-ДПМНЕ и Левица на Апасиев ги плаши Албанците, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека е подготвена да предизвика политичка криза. Исти обвинувања и ширење на дезинформации слушаме секојдневно од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините деривати.
Во оваа насока беа и претходните изјави дека ‘опозицијата ќе ги бојкотира изборите’, за денеска да обвинуваат дека ‘ДУИ подготвува дестабилизација’.
Но, и покрај напорите на опозицијата, јавноста знае дека кога ДУИ организираше избори во овие 23 години, тие беа слободни, демократски и меѓународно прифатени.
Воедно, апелираме до граѓаните да не станат жртва на лажни вести и на специјалната војна која поттикнува говор на омраза, го загрозува евроинтегративниот пат на земјата, како и помага на дестабилизирачките руски политики во земјата. Република Северна Македонија има јасна иднина – а тоа е целосната интеграција во Европската Унија“, се вели во реакцијата.