ДУИ смета дека таквите случувања „водат кон континуирано уништување на албанската култура и национално наследство“.
„Беше ветено и нагласено од коалицијата Влен (Вреди), дека ќе раководат со Државната филхармонија и ќе создадат нови културни институции, но на дело, тоа се покажа како неуспешна пропаганда. Албанската култура, која беше незаменливо богатство, доби голема нула од оваа власт. Ова е тежок период за албанската уметност и култура. Ниту еден Албанец не е назначен на високи позиции во националните културни институции. Ова е целосен неуспех на ветувањето дадено на граѓаните и тежок удар врз претставувањето на албанската култура и уметност“, се вели во реакцијата на ДУИ за состојбите во културата.
Според ДУИ, друг чекор кој укажува на запоставување на албанската култура и уметност во Македонија е фактот што ниту еден Албанец не е назначен во пет културни центри надвор од земјата, Детскиот албански театар во Скопје е оставен на милост и немилост на судбината, а што сметаат дека е голем недостиг на одговорност. турна традиција на идните генерации.
„Исто така, последните акции на Владата имаат за цел да ги уништат двата најважни културни ансамбли, оној на танците и музичкиот ансамбл, што е неприфатливо и штетно за нашиот национален идентитет. Овие ансамбли не се само уметнички групи, туку претставници на нашиот културен живот и традиција, кои одиграле значајна улога во зачувувањето и промоцијата на нашите највредни културни вредности. Во исто време, Албанците се елиминираат и од сферата на културното наследство, создавајќи неподнослива празнина за нашата уметност и култура“, реагираат од ДУИ.
Во контекст на критиките насочени кон коалицијата Вреди, од ДУИ велат само пред два дена, Албанците за првпат биле елиминирани од доделувањето на највисоката државна награда „11 Октомври“, која беше доделена на четворица македонски творци, а на ниту еден на Албанец, акт кој според нив „покажува антиалбанска менталност инсталирана од оваа моноетничка влада“.
„За да се избегне оваа културна катастрофа, неопходно е Владата да преземе итни мерки за:
1.Зајакнување на албанското претставување во раководството на културните институции на национално и меѓународно ниво, за да се гарантира дека албанските вредности и традиции ќе бидат присутни и заштитени во секоја културна одлука и активност.
2. Обновување на поддршката и развојот на културните ансамбли како што се ансамблот за танци и музичкиот ансамбл, преку вложување во зајакнување на инфраструктурата, обука на уметниците и финансиска поддршка, за да се осигура зачувувањето и развојот на традиционалната албанска уметност и култура.
3. Ангажман на Владата да обезбеди правично и еднакво претставување на сите нивоа на културните институции, како и да гарантира дека тие ќе функционираат со професионализам и интегритет“, велат од во реакцијата за состојбите на албанското културно претставување во Македонија.