„Во неколку наврати слушаме како се повикуваат, покрај останатите етнички заедници дека и Ромите не биле испочитувани. Сакаме да укажеме на неколку работи преку оваа реакција:
1. За Европскиот фронт предводен од ДУИ, гласаа само 500-700 гласачи од општина Шуто Оризари и тоа под закани и притисоци од страна на градоначалнилот;
2. Ромите никогаш, ама никогаш не биле во полоша состојба како со владеењето на оваа гарнитура на ДУИ и СДСМ;
3. Кога веќе зборуваме за легитимитет, ромите 90% ги поддржаа програмите на ДСР, ВМРО-ДПММЕ и Христијан Мицкоски како предводник на коалицијата и голем пријател на ромската заедница.
Апелираме, Ромите да не се злоупотребуваат пред јавноста и меѓународната заедница за спас на токму оние политичари кои ги урнаа сите позиции на институциите кои беа наменети за Ромите, а оние Роми политичари, кои како јаничари работеа против Ромите ги замолуваме јавно да излезат и да си понесат прво морална, а потоа политичка и друга одговорност.
И на крај, за 20 години власт имаше доволно време да се помогне на Ромите, доколку некој имаше желба.
И јавно прашуваме, колку Роми се вработија во институциите на системот последните 5 години?! Дали рамковниот договор важеше за Ромите последните пет години или огласите си ги договаравте според ‘духот на некој друг рамковен’, непознат за Ромите.
Некако Ромите последните пет години системот не ги препознаваше на огласите за вработување“, се вели во реакцијата на ДСР.