„Присуството на експерти од странство за борба против наркобизнисот во Македонија, потврдува дека овој криминал поприма сериозни димензии и повлекува формирање на наркокартели, меѓусебни пресметки и ликвидации, како и ширење на наркоманијата во големи размери и надвор од Македонија.
Досега се откриени над 10 ‘кражби‘ на марихуана, обиди за нелегална продажба на канабис итн.
Состојбите се загрижувачки и прашање е кога ке добиеме сериозна критика и одлука за забрана на прозводство на канабис и од Организацијата на обединетите Нации.
Последната акција на МВР, во која се опфатени и партиски активисти укажува на примамливоста и огромните нелегални профити од овој вид на легализиран криминал.
Во овој ‘бизнис’ се вклучени и носители на високи државни и политички функции.
ДС по изборите ќе предложи укинување на законот за легализација на производство на канабис за натамошна продажба“, се вели во соопштението на партијата.