сабота, 2 ноември 2024

Драматично во Париз, власта воведе полициски час (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Полицискиот час има цел да го воспостави редот по немирите што избувнаа претходно оваа недела, откако полицијата уби тинејџер што не го запрел својот автомобил во париското предградие Нантер, објавија властите на Твитер.

Нови немири почнаа попладнево во Париз, на третиот ден од протестите по полициското убиство на тинејџер во градот. Демонстрантите фрлаат камења кон полицијата. Запалени се и автомобили.

Немирите се очекува да продолжат и во вечерните часови.

Француската телевизија БФМТВ објави дека автобусите и трамваите ќе бидат суспендирани во парискиот регион од 21 часот по локално време.

Ова уследи по барањето на претседателката на регионот Ил-де-Франс, Валери Пекрес.

Пекресе се огласи, велејќи дека одлуката е донесена за „да се заштитат агентите и корисниците на јавниот превоз“.

Таа додаде: „Нашата сообраќајна мрежа нема да биде мета на насилници и хулигани!“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ