Русија значително го зголеми производството на оружје за да ја нападне Украина и им се заканува на балтичките држави, Грузија и Молдавија, изјави Борис Писториус во интервју за Велт ам зонтаг.
Во меѓувреме, Соединетите држави веројатно ќе го намалат својот воен ангажман во Европа, бидејќи повеќе се вртат кон Индо-Пацификот.
„Ние Европејците мора да направиме повеќе за да обезбедиме безбедност на нашиот сопствен континент“, рече Писториус, истакнувајќи дека на регионот ќе му треба време да го зголеми сопственото производство на оружје.
„Имаме уште 5 до 8 години за да стигнеме , во однос на вооружените сили, индустријата и општеството“, рече тој. На Европа и е јасно дека можеби ќе треба да ја усогласи и американската помош за Украина доколку Вашингтон не успее да договори ново финансирање, додаде тој.
Изборот на новата полска влада која е проевропска сега треба да му овозможи на Вајмарскиот триаголник од Берлин, Париз и Варшава дополнително да ја развива воената соработка, додаде тој.