петок, 18 октомври 2024

Драма во Спа: Расел дисквалификуван, Хамилтон е нов победник

Џорџ Расел остана без победа на ГН на Белгија, неговиот болид тежел помалку од пропишаните 798 килограми, па Британецот е дисквалификуван.

Објавено на

часот

Сподели

Луис Хамилтон на зелена маса стигна до победа во Спа откако ФИА го дисквалификуваше Џорџ Расел.

Веднаш по крајот на трката пристигна информација дека е отворена истрага откако болидот на Џорџ Расел не ги поминал редовните тестови, односно „паднал“ на мерењата за тежина.

Правилата налагаат болидите да тежат најмалку 798 килограми, а болидот на Џорџ Расел тежел 796,5 килограми, па насоките се јасни, следува дисквалификација.

Ова сигурно ќе боли откако Џорџ Расел хероски издржа со еден пит стоп и во последните пет кругови лавовски се бореше да одолее на налетите на Луис Хамилтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ