понеделник, 21 октомври 2024

Драган Стојковиќ – Пикси останува селектор на Србија и покрај неуспехот на ЕП

Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) потврди дека Драган Стојковиќ – Пикси и во наредниот период ќе ја води најдобрата српска репрезентација.

Објавено на

часот

Сподели

Извршниот одбор на ФСС денеска одржа конференција на која една од темите беше иднината на селекторот.

„По деталниот извештај на селекторот на А репрезентацијата за учеството на Европското првенство во Германија, потврдена е довербата и дадена му е максимална поддршка на Драган Стојковиќ за исполнување на наредните цели кои се пред најдобриот национален тим, а тоа е престојниот циклус натпревари во Лигата на нации а каде ќе биде ставен акцент на воигрување и припреми на тимот за квалификациите кои носат пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канда во 2026 година. Извршниот одбор едногласно го усвои извештајот на Стојковиќ кој го запозна претседателот на сојузот Џаиќ и членовите на најдоговорното тело со неговите планови за идниот период“, стои во соопштението на ИО на ФСС.

На Европското првенство во Германија, Србија отпатува со цел да ја мине групната фаза, но се врати без ниту една победа и со само еден даден гол.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ