петок, 18 октомври 2024

Досие Величе: Кавги со новинари, инциденти со судии, пресметка со МВР… (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Дури и во своите зачетоци како репрезентативец, прво во младата селекција, за играчи до 21 година, Шумуликоски ја покажа негативната страна со тоа што на еден прес јавно ги нападна и ги навреди сите собрани новинари, поради критиките за лошата форма на тимот. Тогаш новинарите не му го зедоа тоа за големо зло, имајќи предвид дека е млад и дека ќе се оправи, но…

По дуелот со Русија во септември 2007 година, што беше дел од квалификациите за Евро 2008, Шумуликоски крајно недолично и вулгарно му се нафрли на новинарот на А1-телевизија Тони Стојановски, поради тоа што не бил задоволен од коментарот за него во вестите на телевизијата. Овој инцидент го снимија и камерите на А1, а Величе не ни најде за сходно да се извини потоа. Тогашниот селектор Среќко Катанец соопшти дека Шумуликоски ќе биде казнет парично со 3.000 евра, но сето остана само на таа изјава на Словенецот, зашто ФФМ не ја примени санкцијата.

[video:http://www.youtube.com/watch?v=BnNwZvsNZ-k]

Последен од срамните настапи на Величе е тазе, од пред неколку месеци, во октомври минатата година, кога на дуелот со Ерменија во Ереван доби црвен картон, а потоа ја симна капитенската лента и иронично понуди му ја закачи на главниот судија на дуелот, кој го загубивме со 1-4. И за овој прекршок и ФФМ и новиот селектор Џон Тошак остана неми.

Во македонската репрезентација нема усвоен кодекс на однесување на натпреварите, но и надвор од нив, па често се случува македонските репрезентативци да се конфронтираат со противнички играчи, новинари, па дури и меѓусебе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ