петок, 18 октомври 2024

Досие Либија: кој го уби Гадафи?

Објавено на

часот

Сподели

Либија, земја богата со нафта во Северна Африка, помина повеќе од 40 години под бурното владеење на Муамер ел-Гадафи пред гневот на народот да го симне од власт во август 2011 по шестмесечна борба. На 20 октомври полковникот Гадафи беше убиен додека борците што се бореа против остатоците од неговиот паднат режим конечно ја грабнаа контролата врз неговиот роден град Сурт.

Земјата беше официјално прогласена за ослободена три дена подоцна, иницирајќи го процесот на создавање нов устав и избрана власт.

Во почетокот на ноември голем дел локалните водачи на револуционерите што помогнаа во соборувањето на Гадафи се откажаа од заклетвата да го предадат оружјето. Нивниот изговор беше дека имаат намера да ја задржат својата автономија и да влијаат врз политичките одлуки како „чувари на револуцијата“.

Револуцијата

Во февруари 2011 немирите што беснееја низ арапскиот свет еруптираа и низ неколку либиски градови. Иако сè започна со релативно организираното јадро на антивладини противници во Бенгази, немирите се пренесоа во Триполи како вирус. Гадафи возврати со екстремно насилство. Набргу. Сепак, набргу, опозицијата во зародиш успеа да присобере каква-таква власт, да организира нешто што ќе личи на бунтовничка армија и да им се прикаже на Западот и на Либија како алтернатива на корумпираната и угнетувачка власт на Гадафи.

Сепак, на бунтовниците им се закануваше прилично несоодветна граѓанска војна – тие имаа и помалку луѓе и помалку оружје. И кога трупите на Гадафи стигна на 150 километри од Бенгази, западното упориште на бунтовниците, Советот за безбедност на ОН изгласа воена акција, ризична воена интервенција насочена кон спречување бунтовниците да станат топовско месо на лојалистичките сили. На 19 март американските и европски сили почнаа да ги бомбардираат Гадафи и неговата власт. Кон крајот на мај неколкунеделното НАТО-бомбардирање навидум повторно ја врати иницијативата на страната на бунтовниците, кои се пробија од крвавата опсада кај Мисурата. До август тие се прошируваа и на исток и на запад. Упорните одбивања да ја предаде власта го турнаа Гадафи подлабоко во економска и политичка изолација и ги зголемија НАТО-нападите. Бунтовниците, пак, страдаа од внатрешни несогласувања и недостиг од обука. Сите шест месеци на неодлучна борба беа заборавени во моментот кога бунтовниците стигнаа во Триполи. Тие за неколку дена, без некој сериозен отпор, ја презедоа контролата над градот и прославата можеше да почне.

Заднината

Полковникот Гадафи ја презеде власта во мирен преврат во септември 1969 и владееше со железна рака, обидувајќи се да го рашири либиското влијание низ Африка. Тој своето владеење го изгради врз култот на својата личност и со мрежа на семејни и племенски врски поддржани со дарежливост од нафтените приходи на Либија.

САД го повлекоа својот амбасадор од Либија во 1972 откако Гадафи ги откажа договорите со Западот и постојано ја напаѓаше Америка во своите говори и јавни изјави. Откако толпата ја каменуваше и ја запали американската амбасада во 1979, САД ги прекинаа односите. Односот меѓу земјите продолжи да оди надолу и во 1986 администрацијата на Реган ја обвини Либија за експлозија на бомба во дискотека во Германија, во која загинаа двајца американски војници. Како одговор на тоа, САД ги бомбардираа Триполи и Бенгази.

Најозлогласената постапка на Гадафи беше урнувањето летот на Пан Ам во 1988, кој експлодираше над шкотскиот град Локерби и уби 270 луѓе. Либија подоцна ја презеде одговорноста, ги предаде осомничените и на семејствата на жртвите им исплати повеќе 2 милијарди долари.

Однесувањето на Гадафи се смени во 2003, кога тој им го сврте грбот на терористите и ги обнови дипломатските и економските врски со Европа. Тој го смени и ставот кон Израел. Човекот што повикуваше да се истуркаат „ционистите“ во море, стана поборник за создавање на една држава на Евреите и на Палестинците.

Но најдрастична беше промената кон САД. Тој беше меѓу првите Арапи што го осудија 11 септември и ја поддржа американската инвазија на Авганистан. Вџашувачки за другите арапски лидери, тој ги сподели своите разузнавачки информации за Ал каеда со САД за да помогне во ловот по нејзините меѓународни оперативци.

Неговиот син, Саиф Ал-Ислам Ел-Гадафи, кој се школуваше во Британија, со години беше единствениот мост меѓу центарот на моќта во Либија и Западот. Сè до немирите, единственото навестување за промени во Либија доаѓаше токму од Саиф Гадафи, кој зборуваше за крај на социјализмот и тоталитаризмот воведени од неговиот татко пред 40 години. Тој предлагаше бесцарински зони, даночни олеснувања за странците, укинување на визите и градење луксузни хотели. Тој изјавуваше дека неговата земја може да биде „Дубаи на Северна Африка“, асоцирајќи на големите енергетски резерви на Либија.

Вистината

Вистината е дека во 1951 Либија беше меѓу најсиромашните земји на светот, а непосредно пред интервенцијата на НАТО нејзините граѓани го имаа највисокиот стандард на живеење во Африка, а пред Русија, Бразил и Саудиска Арабија.
Во Либија домот се сметаше за човечко право. Нововенчаните двојки добиваа 50.000 долари за да купат сопствен дом, а електричната енергија беше бесплатна за сите.

Пред Гадафи, помалку од една петтина од Либијците биле писмени. Сега (засега) образованието е бесплатно и квалитетно, а 83 отсто од населението се писмени.

Здравството исто така беше бесплатно, а доколку некој не беше задоволен од здравството или од образованието во Либија, либиската влада му даваше пари за да му овозможи пристап до она што му е потребно во странство.

На банките им беше со закон забрането да наплаќаат камати за кредитите.

Доколку некој Либиец решеше да купи автомобил, владата му плаќаше половина од цената.

Секој што сакаше да стане земјоделец или фармер добиваше државно земјиште на бесплатно користење, куќа, опрема, стока и семе.

Либија е земја што, покрај нафтата, има 144 тони злато во трезорите на Централната банка, земја што не е задолжена ниту кај ММФ, ниту кај Светската банка ниту кај која било друга финансиска институција на светот, и земја што, под Гадафи, беше богата, суверена и независна.

Зошто тогаш Либијците мораа да почнат граѓанска војна? Зошто одеднаш нивниот лидер стана тиранин и диктатор што треба да биде избркан колку што е можно побргу и тоа од меѓународна коалиција? И сето ова во име на „демократијата“, која мора да се спроведе со авиони и бомби и на грбот на кутрите бунтовници, кои, и самите не знаат зошто, но подобро ќе им служат на интересите на Господарите на светот…

Златниот динар против крвавиот долар

Некои веруваат дека е поради заштита на цивилите, некои дека е поради нафтата, но некои се убедени дека интервенцијата во Либија и сè што се случи потоа е поради планот на Гадафи да го воведе „златниот динар“, единствената африканска валута направена од злато, рамноправен играч со доларот и еврото.

„Ова е едно од оние нешта што се планираат во тотална тајност, бидејќи во моментот кога ќе кажете дека го менувате доларот за нешто друго, станувате мета“, вели д-р Џејмс Тринг, основачот на „Министерството за мир“. „Беа одржани две конференции, во 1986 и 2000, организирани од Гадафи. Сите беа заинтересирани, повеќето африкански земји беа одушевени“.

Гадафи не се предаваше. Во месеците пред воената интервенција, тој ги повика африканските и муслиманските нации да се здружат во новата валута тие требаше да продаваат нафта и други ресурси низ светот само за златни динари, наместо за долари.

Идеја што би ја поместила економската рамнотежа на светот. А Западот тоа едноставно не можеше да си го дозволи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ