Дориев кој беше еден од најдобрите играчи на Шкендија во изминатите години, го напушта клубот барајќи нов предизвик.
„Поминати 3 прекрасни години, чест и гордост беше да го носам овој дрес. За Шкендија, навивачите (Балистите) и Тетово, „благодарам“ е најмалку што можам да кажам. На сите ви посакувам здравје, среќа и успех“, објави Дориев.
Пред да потпише за Шкендија, 27-годишниот Дориев настапуваше за Академија Пандев и Турново.