Нов брејк во серијата помеѓу Оклахома и Далас, утрово во „Пејком Центар“, Лука Дончиќ беше незапирлив и ги предводеше „маверикс“ до победа од 92-104.
Словенечкиот ас мечот го заврши со трипл-дабл учинок, реализираше 31 поен, имаше 10 скока а забележа и 11 асистенции.
Далас водеше во текот на целиот натпревар, во еден момент имаше и максимални +18. Оклахома никако не успеваше да се врати во игра, најмногу што направија домаќините беше кога ја стопија разликата на -7.
На Истокот, Бостон е прв финалист откако славеше против Кливленд со 113-98 во петтиот меч.
Без Мичел, Ален и Лаверт „кавалирс“ се држеа три четвртини, но не можеа да одолеат во завршницата кога „селтикс“ направи клучна серија 13-2 и ги реши сите дилеми.
Дури шест играчи кај Бостон беа двоцифрени, Џејсон Тејтум со 25 поени и 10 скока беше најдобар поединец.