недела, 27 октомври 2024

Доналд Трамп со нова улога за Велигден – продавач на Библии (ВИДЕО)

Поранешниот американски претседател, републиканецот Доналд Трамп денеска изјави дека започнува платено партнерство со ѕвезда од кантри-музиката за да понуди примероци од Библијата на продажба, додавајќи дека тоа е неговата „омилена книга“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Религијата и христијанството се двете работи што најмногу ѝ недостигаат на оваа земја“, рече Трамп во триминутното видео објавено на неговата социјална мрежа Трут соушл.

Трамп, кој еднаш позираше држејќи ја Библијата наопаку, рече дека има многу Библии дома и рече дека тоа е неговата омилена книга. „Многу ми е важно. Сакам многу луѓе… да ја имаат… мора да ја имате за своето срце и за својата душа“, вели тој во видеото.

Покрај преводот на светиот текст од верзијата на кралот Џејмс, книгата содржи сè што вистински американски патриот би сакал во својата Библија, вклучувајќи копија од Уставот, Декларацијата за независност, Законот за правата и Заклетвата за верност. Во книгата ќе биде вклучен и „ракопис на стиховите Бог да ги благослови САД“ од Ли Гринвуд.

Трамп, кој најверојатно ќе биде републикански кандидат на претстојните претседателски избори во ноември, ги охрабрува своите поддржувачи да ја купат Библијата, по цена од 59,99 долари по примерок.

Ова се случува за време на Светата седмица пред Велигден според Грегоријанскиот календар. „Мораме да ја вратиме вербата во Америка“, рече Трамп, алудирајќи на слоганот на неговата кампања „Да ја направиме Америка повторно голема“.

Групата што продава копии од ова издание на Библијата на веб-страницата напиша дека е горда што тоа е „единствената Библија промовирана од Трамп“.

Организацијата, која не е именувана, вели дека приходите од продажбата нема да бидат користени за финансирање на кампањата на Трамп, но укажува дека имиџот на поранешниот претседател се користи како дел од платено партнерство.

Копии од ова издание на Библијата се продаваат во соработка со познатиот кантри пејач Ли Гринвуд, чија хит песна „Господ да ги благослови САД“ се пушта на секој предизборен митинг на Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ