вторник, 26 ноември 2024
РС ќе остане упорна во спречувањето на воведувањето санкции

Додик оди во Русија во октомври

Објавено на

часот

Сподели

„Тој договор за соработка би можел да биде потпишан во октомври во рамките на мојата посета на Руската Федерација“, напиша Додик на социјалната мрежа Х, наведувајќи дека разговарал денеска со Миниханов, заедно со српската членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, при неговата посета на Будимпешта.

Тој додаде дека во Босна и Херцеговина е тешко да се најде консензус за санкциите против Русија, нагласувајќи дека тоа не го дозволуваат политичарите од РС.

„РС ќе остане упорна во спречувањето на воведувањето санкции кон Русија од страна на Босна и Херцеговина, бидејќи Русија и нејзините народи се наши пријатели“, нагласи Додик.

Додик и Цвијановиќ од вчера се во посета на Унгарија на покана на владиката Лукијан и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Освен со Орбан, тие ќе се сретнат и со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Предвидена е средба и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ