недела, 17 ноември 2024

Додека Осамни ја преиспитува одлуката за Отворен Балкан, Ковачевски се дружи со Вучиќ и Орбан

Додека министерот за надворешни работи, Бујар Осамни смета дека треба да се преиспита одлуката дали Македонија да остане во иницијативата Отворен Балкан, ако се докаже дека Србија е вмешана во случувањата на Косово од 24 септември, премиерот Димитар Ковачевски нема проблем да се дружи со српскиот претседател Александар Вучиќ и со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Објавено на

часот

Сподели

Средбата помеѓу тројцата политичари се одржала вчера, на маргините на третиот Самит на Европската политичка заедница, во Гранада, Шпанија, а пред денешниот Самит на Европската Унија.

Дружбата ја овековечи српскиот претседател Александар Вучиќ кој на својот Инстаграм профил објави фотографии од средбата.

„Кратка средба со пријателите Виктор Орбан и Димитар Ковачевски пред почетокот на Самитот „ЕУ2023ЕС“, на кој ќе се разговара за бројни важни теми за денешна Европа, а се надеваме и за Западен Балкан“, напиша Вучиќ.

При тоа, тој не прцизираше за што разговарале на средбата и дали било покренато прашањето за преиспитување на одлуката дали Македонија ќе остане во иницијативата Отворен Балкан.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски вчера од Гранада порача дека ако нема мир во регионот, ќе нема ниту иницијативи како Отворен Балкан, ниту Берлински процес.

„Ако нема мир во регионот, ќе нема ниту иницијативи како Отворен Балкан, ниту Берлински процес, а некои иницијативи ќе треба да се преиспитаат. Ставот на владата останува непроменет, а Македонија останува во сите регионални иницијативи сѐ додека од нив имаат придобивки сите граѓани. Сепак, за да има да има успешни иницијативи, мора да има мир и почитување меѓу сите земји кои таму учествуваат. Да за интеграција и соработка, но не и за конфликти, рече Ковачевски.

А министерот за надворешни работи, Бујар Осамни пак вчера ја дообјасна неговта изјава дека тоа било личен, а не владин став.

Мој личен, а не владин став е изјавата за преиспитување на учеството на Македонија во иницијативата Отворен Балкан доколку се докаже дека Србија на било каков начин е вклучена во нападот во Северно Косово. За ова прашање не се разговарало во Владата, рече Османи.

И премиерот Ковачевски објави фотографија од средбата, но покрај неа нема никакво појаснување ниту пак информација дали со унгарскиот премиер Орбан ја начнале темата за азилот што му го даде Унгарија и евентуалната екстрадиција во Македонија на поранешниот премиер, Никола Груевски.

м

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ