петок, 18 октомври 2024

До големи гради со матични клетки

Објавено на

часот

Сподели

Аугментацијата на гради со сопствени матични клетки ќе ги истисне од мода силиконите

Жените што сакаат поголеми гради повеќе не мора да се изложуваат на ризични пластични интервенции. Новиот безболен метод за зголемување на градите, но и за реконструкција на гради по отстранување дојка поради малигна болест, тоа го постигнува без хируршки рез, и тоа со помош на сопствените матични клетки. Станува збор за најнов јапонски метод за зголемување на градите без употреба на силикони. На балканските простори првпат се примени минатата година во Ровињ, во поликлиниката „Ме Дент“, каде што успешно се изврши првата операција, а прва пациентка беше Италијанката Стефанија Анеда (49), мајка на три деца, инаку и самата медицинска сестра.

Од липосукција до вбризгување

Новиот метод вклучува три процеси, липосукција со која се одзема масното ткиво, центрифугирање – ова е клучна фаза при која се издвојуваат матичните клетки по пат на центрифугирање на масното ткиво добиено од липосукцијата, и вбризгување – хирургот ги вбризгува матичните клетки помешани со дел од другото масно ткиво во градите, а  со 160 грама матични клетки градите се зголемуваат за четири сантиметри. Целатаоперација е безболна и трае два часа, а пациентот може веќе следниот ден да си оди дома и да се врати на работното место.

„Може да кажеме дека тоа е минимално агресивен метод, на долниот дел на градите се прави еден микрорез, колку да може да се внесат две канели преку кои се вбризгуваат матичните клетки и издвоеното добро масно ткиво, во зависност од тоа колку би сакале да додадеме за зголемување на градите. Доколку жената со текот на времето повторно добие на тежина, тогаш и градите ќе ѝ се зголемат, но кога ќе изгуби на тежина – градите нема да се намалат“, објаснува доктор Даниела Комљеновиќ.

Со 160 грама матични клетки градите се зголемуваат за четири сантиметри

Најниска цена 6.000 евра

Овој вид зафат се работи на само неколку места во Европа, а годинава според најавите ќе се работи и во некои поликлиники во соседна Бугарија, но не се знае по која цена.

Во почетокот на зафатот масното ткиво се одзема од бедрата или стомакот

Методот е особено погоден за жени што по отстранувањето на градите сакаат реконструкција. Целиот метод се засновува на тоа дека во масното ткиво има големо количество матични клетки, па изработката на новите гради би можела да се опише и како трансплантација на матични клетки од масното ткиво. Во почетокот на зафатот масното ткиво се одзема од бедрата или стомакот, во зависност од тоа кој дел пациентката би сакала да го намали кај себе, а дел потоа се става во посебна центрифуга во која масните клетки се „измиваат“ со посебни ензими што ги одвојуваат. Центрифугата потоа ги одвојува масните од матичните клетки и се добива течна маса збогатена со матични клетки подготвена да се инјектира.

Во светските клинички центри цената на една ваква операција изнесува околу 25.000 евра, додека во Ровињ е до 6.000 евра. Засега македонските поликлиники немаат услови да го применат овој модерен метод на зголемување гради.

Ј.К

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ