сабота, 26 октомври 2024

До четврток Мицкоски најверојатно ќе го добие мандатот за нова влада од Сиљановска

Утре или задутре претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова ќе му го додели мандатот за формирање влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, информираат за МИА партиски извори. Рокот за доставување на мандатот завршува на 7 јуни, откога почнуваат да течат дваесетте дена за формирање влада.

Објавено на

часот

Сподели

„Можно е и порано да се додели мандатот. Сѐ зависи од ситуацијата. Уставот вели 10 дена и потоа 20 дена за да се состави владата. Јас ќе ги проучам термините“, рече Сиљановска Давкова во одговор на прашање пред почетокот на панел дискусијата „Европската Унија како предизвик и предизвиците на Европската Унија: Европа 74 години после Шумановата декларација“ во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Европското движење.

Разговорите за формирање нова влада меѓу партиите ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, кои се дел од новото собраниско мнозинство сѐ уште траат. Дел од поделбата на ресорите веќе е објавена, а неофицијално се споменуваат и имиња на новите министри. Официјална информација нема.

Ако Сиљановска Давкова на 6 јуни го додели мандатот, рокот од 20 дена за формирање Влада завршува на 25 јуни. Партиски извори за МИА, велат дека Собранието би можело и порано да ја изгласа новата влада.

Во Собранието се прават подготвки за измени на новиот Закон за организација на работата на органите на државната управа и според него да се изгласа новата реорганизирана влада и да бидат избрани нејзините членови. Имајќи предвид дека измените треба да го минат собранискиот филтер, денеска Комисијата за прашања на изборите и именувањата го изгласа составот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно – правната комисија. Но, за да се донесат измените на овој закон потребно е двотретинско мнозинство.

Можни се и измени на Законот за локална самоуправа и Изборниот законик, за да се најде преодно решение, да не се распишуваат избори само за неколку месеци мандат односно до одржувањето на локални избори во целата држава наредната година, во оние општини каде градоначалници веќе станаа пратеници и ќе станат министри. За измените на овие системски закони потребно е двотретинско мнозинство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ