сабота, 19 октомври 2024

ДКСК: ДУП-от на Општина Карпош за бензинската станица на Пуцко петрол е организиран криминал

Објавено на

часот

Сподели

До Министерството за локална самоуправа на РСМ, ДКСК ќе достави претставка за понатамошно постапување и распуштање на Советот на Општина Карпош, согласно со чл. 75 ст. 1 т. 1 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр. 5/02).

За останатите сознанија на ДКСК кои упатуваат на сомнежи за прикриена инвестициска активност на деловна банка преку комерцијален деловен субјект – трговско друштво, како и сомнежи за неусогласеност со даночната регулатива, ќе се достават претставки до надлежните државни органи и институции.

Се работи за предмет отворен по пријава од непознат подносител за сомневања за неуставно и незаконски донесен Детален урбанистички план за градска четврт (3 04, помеѓу булеварите Илинден, 8 Септември, реката Вардар и улица Љубљанска), за коруптивни цели. Овој ДУП беше донесен од Советот на Општина Карпош и градоначалникот Стевчo Јакимовски.

Овој ДУП, според ДКСК не бил во согласност со Генералниот урбанистички план на Град Скопје, еднаш бил укинат со одлука на Уставен суд на РСМ, плацот бил предвиден за градба на други објекти за друга намена, не можело да се врши пренамена на плацот во бензинска станица, земјиштето билo продадено на Пуцко петрол ДООЕЛ Општина Пласница, кој не добил одобрение за градење во законски предвидениот рок. Наведено е дека како последица на ваквото коруптивно дејство, Пуцко петрол добил пресуда од Основен граѓански суд Скопје во негова корист, со која Општина Карпош била задолжена да исплати штета во поголем износ без основ, дека судијата кој работел на предметот ја донел таа одлука не работел чесно и стручно, дека не се следеле насоки од Апелацискиот суд Скопје да се изврши супервештачење за штетата, со оглед дека еднаш донесената пресуда била укината и предметот бил вратен на повторно постапување и одлучување.

ДКСК смета дека и за вториот ДУП Уставниот суд на РСМ повел постапка за негово преиспитување и ја запрел неговата примена во правниот промет. Бараме  преиспитување случајот согласно законските надлежности, велат од ДКСК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ