петок, 18 октомври 2024

Дита фон Тиз, совршена пинап-девојкa

Објавено на

часот

Сподели

 

Нејзиниот стриптиз никогаш не бил ефтина приказна

Таа е екстравагантна колку и нејзиниот псевдоним. Анахрона, со фризура ала Вероника Лејк, нашминкана во стилот на 30-тите. Носи сѐ што е ретро. Висока е 168 см, а тешка 48 килограми. Се истурка меѓу славните без никој да ја поттурне. И се разбира, без никој да знае што всушност работи таа!
Стриптизета со специјалност на галење со сунѓер во форма на маслинка во голема чаша со мартини. Еден период му беше сопруга на еден друг вонземјанин, Мерлин Менсон. Убавицата и ѕверот беа како создадени за фотографирање и привлекување медиумско внимание. Сите мислеа дека кутрата кукличка со име Дита по разделбата ќе исчезне. Но се случи спротивното. Умницата доби нови идеи, планови… И понуди.
Нејзините стриптиз-ревии, кои ги изведува со години, за неа се само чист бизнис. Но никако не и евтини претстави! За нив се подготвува напорно, секојдневно. Вежба по пет часа во денот, а потоа танцува. Малкумина знаат дека Дита всушност е балерина.

[video:http://www.youtube.com/watch?v=uLQiYJOcVIs]
Не е наивна ниту една нејзина изјава. Дури ни онаа во која „наивно” се исповеда дека нејзините бујни гради се силиконски, ниту пак онаа дека во младоста била една обична девојка од соседството, и тоа русокоса!
Идол ѝ е Сели Ренд, која танцуваше до својата 60-та година покриена само со пердуви. Но често ја спомнува и Лили Сент Кир, креативната сила на „Крејзи хорс”, која подоцна стана дизајнер на долна облека. Веројатно и тоа спомнување не ѝ беше случајно, зашто набргу Дита потпиша договор за модел на „Вондербра”.
Централната фигура на фетишот дефинитивно знае што прави. И дефинитивно, не страда од недостиг од идеи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ