недела, 27 октомври 2024

Директорката на американската Тајна служба поднесе оставка поради атентатот на Трамп

Директорката на американската Тајна служба, Кимберли Читл, поднесе оставка во екот на истрагата за безбедносни пропусти поврзани со неодамнешниот атентат на поранешниот претседател Доналд Трамп, пренесе Асошиејтед прес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

И републиканските и демократските лидери на надзорната комисија на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес побараа оставка од директорката на Тајната служба, бидејќи по нејзиното сведочење заклучиле дека таа не одговорила на многубројните прашања на конгресмените во врска со атентатот врз Трамп.

По повод сослушувањето, на кое Читл се најде на удар на конгресмените од двете партии, претседателот на надзорната комисија Џејмс Комер рече дека верува оти „не се добиени баш премногу одговори“ во врска со атентатот на Трамп.

Читл призна дека Тајната служба „ја изневерила“ својата должност да обезбедува, но ја бранеше потребата таа да остане на функцијата и го разгоре незадоволството и на републиканските и на демократските конгресмени со постојаното избегнување да одговара на поставените прашања. На сослушувањето во понеделникот, Читл пркосно инсистирала дека таа е „вистинската личност“ да ја води Тајната служба, иако рече дека ја презема одговорноста за безбедносните пропусти. Кога републиканската пратеничка Ненси Мејс ѝ предложила на Читл да почне да го подготвува своето писмо со оставка, Читл одговорила: „Не, благодарам“.

Кимберли Читл, која служеше како директор на Тајната служба од август 2022 година, се соочуваше со зголемени повици да поднесе оставка и неколку истраги за тоа како пукачот успеал да дојде толку блиску до републиканскиот претседателски кандидат на предизборниот митинг во Пенсилванија.

„Ја преземам целосната одговорност за безбедносниот пропуст“, вели таа во мејл до персоналот, кој стигнал до Асошиетед прес. „Со оглед на неодамнешните настани, со тешко срце донесов тешка одлука да се повлечам од функцијата ваш директор.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ