сабота, 28 септември 2024

Дипломатски извори: НАТО утре официјално ќе го номинира Руте за нов шеф

НАТО утре официјално ќе го номинира холандскиот премиер Марк Руте за свој нов шеф, дознава Франс прес од дипломатски извори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Амбасадорите на 32 земји членки на НАТО би требало да ја потврдат таа номинација при состанокот на Северноатлантскиот совет, кажале повеќе дипломати во Брисел.

Патот за Руте беше отворен минатата недела по повлекувањето на кандидатурата на романскиот претседател Клаус Јоханис.

Се очекува 57-годишниот Руте да ја преземе должноста генерален секретар на НАТО на 1 октомври кога ќе го замени Јенс Столтенберг, кој беше именуван во 2014 година и чиј мандат четири пати беше обновуван.

Руте ќе го води западниот воен пакт во свет полн со политичка неизвесност од двете страни на Атлантикот и конфликтот во Украина. тој би можел да се соочи со нов претседателски мандат на Доналд Трамп ако критичарот на НАТО се врати во Белата куќа по изборите во ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ