петок, 29 ноември 2024

Димитријевиќ беше дел од ревијален спектакл во чест на Дражен Петровиќ (ВИДЕО)

Вечерва во Загреб се одигра ревијален натпревар во чест на големиот Дражен Петровиќ кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Германија во 1993 година.

Објавено на

часот

Сподели

Во „Тимот на Дражен“ како што беше наречен составот од играчи кои настапуваат во Евролигата, беше и нашиот Ненад Димитријевиќ кој го заврши натпреварот со 9 поени, благодарение на трите тројки од пет шута.

Покрај Нено, составот го сочинуваа и Хуертас, Ларкин, Муса, Обст, Маринковиќ, Блажиќ, Шенгелија, Пјер, Таварес, Лесор, Марјановиќ.

Тие со 110-107 беа подобри од репрезентацијата на Хрватска која беше во состав Флиповиќ, Јунаковиќ, Радовчиќ, Јордано, М. Дрежњак, Крушлин, Хезоња, Д. Дрежњак, Накиќ, Љубичиќ, Пркачин, Бранковиќ.

Мечот беше се само не беше обичен. Во текот на целиот дуел имаше големи емоции, имаше и натпревар во тројки кој го доби Марио Хезоња против Џанан Муса.

Покрај актуелните кошаркари, беа и славни имиња од времето на Дражен Петровиќ како што се Нико Галис, Панајотис Јанакис и Ришар Дакури, а од тренерските имиња се појавија Светислав Пешиќ, Александар Петровиќ, Богдан Тањевиќ, Ергин Атаман, Александар Џикиќ…

Кулминацијата на спектаклот се случи меѓу третата и четвртата четвртина. На големиот семафор, во вид на холограмска проекција се појави Дражен Петровиќ, водејќи топка и на присутните им се „обрати“ со неколку реченици, спомнувајќи го и финалето од Олимписките игри во Барселона во 1992 година. Голем дел од присутните, вклучувајќи го семејството на Дражен се расплака, а потоа сите заедно го запеаја хитот на Нови Фосили, „Како е добро…“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ