вторник, 26 ноември 2024

Димитриевски до Ковачевски: Каде беше кога марширавме по улиците, кога крвави излеговме од Собранието?

Сакам да го прашам Ковачевски каде беше додека режимот на Груевски ја газеше Македонија, додека пратеници беа исфрлани од Собрание, додека луѓе маршираа по улици и се бореа за демократија и праведно општество? Каде беше Ковачески кога крвави излеговме од Собрание? Дали беше во друштво на Мијалков и Груевски во свечената ложа на Македонската филхармонија и уживаше во концертите? Дали тогаш беше вистински социјалдемократ, како што денеска глуми загрижен социјаладемократ, изјави денеска претседателот на движењето ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски. Убеден сум дека вистинските социјалдемократи се во ЗНАМ и, како што рече, тие не менуваат страни.

 

Објавено на

часот

Сподели

„За разлика од сите нив, ние имаме став, а тие решија да ја уништат социјалдемократијата во целост, грижејќи се за сопствените функции и позиции со тоа што се ставија самите себе на добитни места на пратеничките листи кои се за обезбедување имунитет на сите оние кои учествуваа во тешки кривични дела во државата за кои треба да сносат одговорност, а воедно со тоа даваат лош пример на реалните социјалдемократи“, изјави Димитриевски.

Тој рече дека лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски и луѓето со него ја узурпирале социјалдемократијата во државата.

„Учествуваше во менувањето на македонската историја и погубното
потпишување на меѓудржавни договори со коишто се нанесе долгорочно зло
на Македонија и на следните генерации. Воедно да го прашам дали таа социјалдемократија за којашто се бори, всушност е истата којашто се откажа од Гоце Делчев, ги избриша АСНОМ-ските повелби од Уставот на Македонија, дополнително ги прогласи за администратори, а не бугарски окупатори и која учествуваше во бришење на спомениците, менување на македонската историја, погубно потпишување на меѓудржавни договори со коишто се нанесе далекурочно зло на Македонија и на следните генерации“, рече Димитриевски.

Тој ги повика сите социјалдемократи, сите слободоумни граѓани да дојдат и да се приклучат во ЗНАМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ