На 89. Седница ДИК донесе одлука да се објават описите на избирачките места на веб-страницата на ДИК и да ги информираат граѓаните за начинот на објавување.
Во однос на Предлог – програмата за задолжителна едукација на изборните органи, тие посочија дека таа е со цел поголема професионалност и одговорност на изборните органи во спроведувањето на изборите.
„Сите сертифицирани обучувачи, околу 130 врз основа на план и програма прават задолжителна обука за сите изборни органи, им се даваат пишани прирачници и практични интерактивни обуки“, посочи членот Борис Кондарко.
На овој начин, според него, придонесуваат кон унификација и воедначена примена на Изборниот законик.
Предлог – програмата за едукација на граѓани, како што дополни, е со цел да ги информираат граѓаните и гласачите за начинот на остварувањето на нивните права и во овој дел ќе биде опфатена и во јавна медиумска кампања
Во однос на Предлог – програма за едукација на други чинители во изборите, како што се политички партии, кандидати, медиуми и невладини организации, програмата има за цел правилно или прецизно информирање за изборните процеси и елиминација на можноста од дезинформирање и пласирање лажни информации