петок, 22 ноември 2024
Состанок на Економско-социјалниот совет

Дијалогот за методологијата за плати ќе продолжи по Велигден

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на дискусијата, како што соопшти Министерство за труд и социјална политика (МТСП), синдикатите посочиле методологијата на плати со бодови да биде замената со систем на плати врз основа на коефициент на сложеност, како поедноставна методологија.

„Беше договорено синдикатите да достават предлог по писмен пат за нивната предлог методологија за пресметка на платите до Економско социјалниот совет, како и дека дијалогот ќе продолжи по велигденските празници“, информира МТСП.

На седницата бил номиниран и член од ЕСС во Советот на статистика при Собранието, а се дискутирало за Предлог-општиот колективен договор. Седницата ја отвори министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска како претседавач на ЕСС. За член во Советот на Статистика од ЕСС беше номинирана претседателката на Организација на работодавачи, Владанка Трајковска. 

Во однос на работата на новиот Предлог-општ колективен договор, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изразил задоволство од сработеното на  работната група и посочи дека преку отворена дискусија може да се дојде до одржливо решение.

Од претставници на Министерството за труд и социјална политика, кои се членови на работната група, информираа дека членовите на работната група го поминале целиот колективен договор и во најголем дел сите страни се усогласени, со исклучок на мал дел од одредбите во  делот на плати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ