петок, 18 октомври 2024

Џорџ Клуни ја држи својата девојка Стејси Кејблер „заклучена“

Објавено на

часот

Сподели

Холивудскиот кршач на срца околу пет месеци се забавува со поранешната боречка дива и признава дека не сака да ја губи од поглед.

Тој се шегува: „Не ѝ дозволувам да излегува. Не ѝ дозволувам ништо да прави!“

На Филмскиот фестивал во Палм Спрингс, Стејси го дополни: „Џорџ ме држи заклучена!“

Освен што ја чува Стејси до себе, Џорџ (50) на својата девојка ѝ дава и модни совети.

Таа вели: „Некако имаме ист вкус, па тоа е многу лесно. Што и да ми се допадне мене, му се допаѓа и нему. Така што, тоа функционира, зашто ако не функционираше, не знам што ќе правев!“

Се чини дека Џорџ по малку и се плаши да ја критикува Стејси зашто, како што неодамна призна, таа може да го здрви од ќотек со своите боречки движења.

Ѕвездата на „Потомци“ рече: „Таа е многу висока. Може да ме здрви од ќотек. Може да ме победи двапати во три обиди.“

Меѓутоа, Џорџ рече дека не треба многу да се грижи дека ќе го почувствува гневот на Стејси зашто таа е мошне мила личност.

Тој рече: „Таа е добра девојка. Навистина.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ