петок, 18 октомври 2024

Џемс Бонд купува стан

Објавено на

часот

Сподели

Даниел Крег и Рејчел Вајс, кои се венчаа минатиот јуни, таксале трисобен стан во њујоршката населба Сохо.
Станот е голем 400 квадратни метри и плус има надворешен простор од речиси 200 квадрати, вклучувајќи приватна градина со сопствена кујна, и има посебна просторија за филмски проекции и камин на дрва, јавува весникот Њујорк пост.
Во меѓувреме, Рејчел му ја продала својата стара куќа во Њујорк на својот поранешен партнер, режисерот Дарен Аронофски. Тој на Рејчел ѝ платил 2,52 милиони долари за петкатната куќа, што е значително помалку од 3,4-те милиони што двојката ги платила во 2005 кога ја купиле куќата. Таа наводно сега вреди 3-4 пати повеќе од сумата што ја платил Аронофски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ