петок, 18 октомври 2024

Џеф Бриџис страда од „контрасуета“

Објавено на

часот

Сподели

Тој изјави: „Со годините, се јавува нешто како контрасуета, кога едноставно се помирувате со староста и повеќе не се заморувате“.

Шеесет и двегодишната ѕвезда верува дека на снимањето на „Трон: наследство“, продолжението на филмот „Трон“ од 1982, научил како да биде главен актер по долгите години поминати во сенка.

„Никогаш досега немам снимено филм што од мене барал да бидам на сет по цели денови и недели. Секогаш бев спореден актер, кој се обидуваше да ја ‘порасне’ својата улога“, вели тој.

Режисерот на филмот, Џозеф Косински, пак, вели дека Џеф бил единствениот што можел да ја одигра таа улога: „Неопходен беше актер како Џеф. Особено поради тоа што филмот се случува во сосема друг свет. Ни беше потребен некој што ќе биде точка на гравитација, а Џеф Бриџис го стори тоа за овој филм како што може само актер од толку голем калибар“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ