недела, 27 октомври 2024

Џафери подготвува сценарио за фалсификување на изборите, тврдат од ЕСП

Лидерите на Европскиот Сојуз за Промени ја напуштија лидерската средба, потврди Изет Меџити, претседател на Демократското движење после кавгата помеѓу нив и претседателот на Собранието, Талат Џафери. 

Објавено на

часот

Сподели

Тој рече дека средбата ја напуштиле по заминувањето на спикерот Талат Џафери, во моментот кога се разговарало за членот на Државната изборна комисија (ДИК).

“Излеговме и ние затоа што немавме со кого да ги соочиме аргументите“, рече Меџити.

Тој истакна дека бараат предвремени парламентарни избори бидејќи оваа Влада не го исполнила главното ветување а тоа е интегрирање на државата во ЕУ.

„Така нашиот предлог за датумот на изборите е 14 и 28 април, така што на 28 април ќе биде вториот круг од парламентарните и претседателските избори за да не дојдеме во ситуација некој да не ги прифаќа
резултатите “, рече Меџити.

За техничката Влада рече дека треба да ја има, но министрите да бидат од редовите на албанската опозиција „за да се создадат услови за фер и демократски избори. Што се однесува до членот на ДИК, Меџити, рече дека
спикерот Џафери овој процес го пролонгира околу една година 
и со тоа има намера да не биде избран новиот член на ДИК со што комисијата нема да биде комплетена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ