недела, 17 ноември 2024

Џафери ќе свика лидерска средба само ако така сакаат сите партии

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека би свикал лидерска средба за договор за термин за претседателски и парламентарни избори само доколку претседателите на политичките партии би се согласиле на тоа, предупредувајќи дека ако има разговори, тие би требало да завршат најдоцна до крајот на година. Сѐ потоа ќе значи течење на роковите и постапките предвидени со закон и Устав за редовните избори. 

Објавено на

часот

Сподели

„Прво и основно не е прашањето дали претседателот на Собранието би повикал или не лидерска средба. Мислам дека посоодветно е да се постави прашањето до лидерите на политичките партии дали би се одѕвале на евентуална покана и од тоа после зависи цела понатамошна постапка. Посоодветно би било прво информација да се има од волјата на лидерите да дојдат во Собрание. Од мој апскет нема никаков проблем таа волја да ја удоволам“, вели за МИА, Џафери. 

На прашањето дали сепак би свикал средба доколку мнозинството лидери на партии бараат од него и покрај тоа што премиерот и лидер на СДСМ се изјасни дека нема потреба од такво нешто, претседателот на Собранието вели која би била смислата на една таква средба, ако нема волја од сите.

„Ќе свикам, но што ако не дојдат сите? Јас не одредувам теми за разговор“, истакнува Џафери.

Претседателот на Собранието вели дека роковите за редовни термини за изборите се јасно, прецизно, пропишани со Устав и со закон, но и дека има простор за договор, но само до крајот на годината. 

Тој исто така вели дека на наредната нова седница на почетокот на ноември како точка на дневен ред ќе биде ставена и интерпелацијата за обвинителот Љубомир Јовески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ