сабота, 19 октомври 2024

Детроит стана најлошиот тим во историјата на НБА (ВИДЕО)

Детроит забележа уште еден пораз откако загуби од Бруклин со 118-112 и стана најлошиот тим во НБА кога се во прашање загубените натпревари во низа во текот на една сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Детроит синоќа го забележаа 27 пораз по ред оваа сезона, на никој досега му се нема случено тоа.

Претходниот рекорд го држеше Кливленд кој во 2011 година нанижа 26 порази.

Детроит во наредниот период може да сруши уште еден негативен рекорд. Тој го држи Филаделфија со 28 порази во низа, но тоа е учинок остварен во две сезони. Тогаш во негативна серија ја завршиле старата сезона и ја почнале новата.

Навивачите на Детроит и овојпат своето незадоволство го демонстрираа со скандирања да се продаде тимот.

Резултати:
Детроит – Бруклин 112-118
Вашингтон – Орландо 119-127
Чикаго – Атланта 118-113
Хјустон – Индијана 117-123
Њу Орлеанс – Мемфис 115-116
Оклахома – Минесота 129-106
Сан Антонио – Јута 118-130
Портланд – Сакраменто 130-113
ЛА Клиперс – Шарлот 113-104

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ