„Не само што парадира со знаме на туѓа држава, туку македонското државно знаме го ‘изгубил’ во суетата и национализмот, а заборавил и дека македонскиот јазик е прв службен јазик на целата територија и дрско покажува дека не ја сака и почитува Македонија. Очекуваме институциите да постапат согласно законските прописи и да го санкционираат ова самоволие и насилие и да покаже дека законите важат за сите.
Дали Владата и институциите функционираат исклучиво само против старото историско македонско знаме“, прашува Десница.