вторник, 19 ноември 2024

Депонирани оставките на министрите на ДУИ, СДСМ чека на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ бара брзи избори

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, вчера упати јавно писмо до премиерот Ковачевски, во кое вели дека министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција поднесуват оставки од функциите што во моментов ги извршуваат и оти оставките ќе се материјализират автоматски во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставни измени. 

„Ценејќи дека нашата земја, Република Северна Македонија, е во критична фаза од нашата европска иднина, имајќи ја предвид тежината на интеграцијата како политичка организација во последните 20 години, ценејќи дека големите одлуки бараат одговорност и политички, национални и државни жртвувања од секој од нас, тргнувајќи од условот на опозицијата дека ќе гласаат за уставните измени доколку ДУИ излезе од Владата“, се наведува во писмото од Ахмети.

Во него лидерот на интегративците меѓу другото потенцира и дека интеграцијата на земјата во ЕУ останува стратешки интерес за сите граѓани на државата. 

„Легитимно избрани по волја на албанскиот гласач, свесни за надежите и соништата на луѓето да станат дел од големото европско семејство, имајќи предвид дека ДУИ и јас остануваме посветени на определбата дека евроатлантските интеграции, со целосни права на државата, освен во НАТО, исто така и во ЕУ, како и непрекинатото сојузништво со САД, беа, се и остануваат најголем интерес на сите наши граѓани, без разлика на нивната национална и верска припадност“, стои во писмото од Ахмети.

Депониранирањето на условените оставки на министрите во Влада од редовите на ДУИ, ги поздравија од СДСМ со оценка дека ставајќи го државниот пред партискиот интерес ДУИ покажала одговорност кон врвната стратешка цел, европската иднина на земјата и сите наши граѓани. На потег е велат, Мицкоски, да покаже државнички капацитет и одговорност.

„Со одлуките на Централниот одбор на СДСМ, како и со оваа одлука на ДУИ, сите услови кои ги поставуваше Мицкоски за ДПМНЕ да поддржи уставни измени се исполнети, вклучително и Влада без ДУИ. Големите државнички одлуки бараат државнички капацитет и одговорност. На потег е Христијан Мицкоски да покаже и докаже дали има државнички капацитет, дали му е важна европската иднина на земјата или само својата фотелја во Белата палата“.

Од владејачката партија и коалицкси партнер на ДУИ, потенцираат дека членството во ЕУ е врвна стратешка цел, не е борба за власт, туку борба за иднината на државата и од тоа нема да отстапат. 

„Гласот за уставните измени е глас за Европа, за сигурна и стабилна иднина. Со глас за Европа во македонското Собрание Мицкоски и ДПМНЕ имаат шанса, наместо да ја блокираат, наместо да ја одвојуваат македонската од европската агенда, да ја поддржат. Мицкоски треба донесе одлука, пратениците на ДПМНЕ да дадат поддршка за уставните измени и продолжување на европскиот пат. Мицкоски мора да донесе одлука и да преземе одговорност, глас за ЕУ или изолација“, наведуваат од СДСМ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во кусата пишана реакција го поздрави потегот на министрите на ДУИ, но го повтори ставот дека се за брзи избори.

„Добро е што ДУИ по 20 години власт е подготвена да замине во опозиција од каде ќе може да одговараат за криминалот и да ја докажуваат својата невиност. Откако ДУИ го направи првиот чекор, си поднесоа оставки, сега само тие да бидат неотповикливи и да одиме на брзи избори, бидејќи се друго е одолговлекување и играње играчки на грбот на државата и иднината на граѓаните“, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Потребата за носење на уставните измени минатата недела го мина комисискиот филтер, а пленарната седница е закажана за 18 август. За да помине предлогот за уставни измени потребно е двотретинско мнозинство или поддршка од 80 пратеници. Од власта изјавија дека им недостигаат осум пратеника, од опозицијата велат не е точно дека фалат уште осум пратеника до потребното мнозинство за гласање, туку дека има пратеници од владејачкото мнозинство, вклучително и од СДСМ, кои се против уставните измени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ