недела, 24 ноември 2024

Денот кога си замина последниот американски војник е прогласен за празник во Авганистан

Објавено на

часот

Сподели

Кабинетот на талибанскиот премиер соопшти дека е одлучено тој ден во официјалниот календар да се смета за празник.

Крис Донаху, генерал-мајорот на американската армија, беше последниот американски војник што го напушти аеродромот во Кабул на полноќ на 30 август 2021 година.

Врз основа на мировниот договор од Доха, САД и нивните сојузници го напуштија Авганистан по 20 години воено присуство.

Меѓутоа, две недели пред целосното повлекување на странските сили, падна авганистанската влада, која имаше меѓународна поддршка, а талибанците триумфално влегоа во градовите и повторно ја презедоа власта.

Талибанците повторно ги наметнаа своите строги закони и ѝм забранија на авганистанските девојчиња и жени пристап до училишта по шестото одделение.

Како резултат на тоа, ниту една земја во светот сè уште не ја признала нивната де факто влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ