сабота, 19 октомври 2024

Денес ќе се прави увид да се утврди што ја запали подрумската архива со судски документи во Куманово

Објавено на

часот

Сподели

„Увидот ќе го спроведува основен јавен обвинител од Скопје, ќе присуствувам и јас и дежурен обвинител од Куманово, увидна екипа од СВР Куманово заедно со кримтехнкка од Скопје, вешто лице електроинженер и инспектор за пожари. По завршување на увидот ќе ја информираме јавноста“, изјави шефицата на кумановското обвинителство Теута Бедиу Рамадани.

Претседателката на Основен суд, Куманово, Снежана Манев кажа дека очекува увидот да ја покаже причината за пожарот.

Куманово

„По завршување на увидот, ќе започне уредувањето на подрумските простории. Дотогаш итните случаи ќе се решаваат во Кривичен суд Скопје кои по насоки на Судскиот совет и Министерство за правда“, изјави Манев.

Пожарот во кумановскиот суд избувна завчера во 01:35 часот. Вчера имаше противпожарна стража и кумановските пожарникари во два наврати го гасеа димот од напластената архива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ